Помладиот син на пејачката Лепа Брена Виктор ослабел неверојатни 36 килограми

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Помладиот син на пејачката Лепа Брена Виктор ослабел неверојатни 36 килограми. Виктор на својот Инстаграм објави фотографија на која се гледа дека е двојно послаб, а пофалбите само продолжија да пристигнуваат.

„Верувај во себе, – 36 кг“, напишал Виктор, и додал дека тоа е само почеток.

 

Разголените фотографии од теретана ја привлекоа, пред сѐ, женската популација, која на наследникот на Брена, му пружи поддршка.


Неговата мајка Брена своевремено изјави дека Виктор имал многу проблеми со килограмите, а сега и тоа го решил:

– Со Боба секогаш правевме вечери кога децата беа мали и затоа Виктор стигна до бројката од 163 килограми. Многу страдав поради тоа. Му ббеше толку тешко што плачев – призна Брена.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -
Ad image
Share This Article