Поминаа 10 години од инцидентите во Собранието

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На денешен ден пред 10 години се случи насилството во македонското Собрание, од народот наречено „црн понеделник“, кога како тогашни опозициски пратеници заедно со новинарите бевме исфрлени од собраниската сала од седницата на чиј дневен ред беше Буџетот, објави на својот профил на Фејсбук, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во објавата тој посочува дека 24 декември е сведоштво за „матрицата на насилството и криминалот, за матрицата на ВМРО-ДПМНЕ, која кулминираше со тероризам кон државата на 27 април 2017 година“.

„Но, од оваа дистанца 24 декември е и добар индикатор за тектонските промени од тогаш до денес, особено за времето откако раководам со МВР заедно со мојот тим. Полицијата веќе не е заштитник на криминалот, полицијата е сервис на граѓаните“, наведува Спасовски.

Тој поосува дека МВР под негово раководство од самиот почеток работи напорно и затоа овој декември „го завршуваме како најбезбедна земја на Западен Балкан“.

„Затоа што испорачавме резултати, нѐ препознаа како кредибилен партнер и лидер во регионот. Затоа што ја етаблиравме македонската полиција како вистински сервис на граѓаните.Затоа што ја вративме довербата на граѓаните во МВР, една од најотворените и најтранспарентни институции, за што сведочат и граѓанските анкети. Според ИРИ, полицијата е во првите три владини институции во кои граѓаните имаат најмногу доверба“, потенцира министерот за внатрешни работи во објавата.

Според него, не помалку важно е што МВР ја вратило довербата кај меѓународните партнери во нашиот демократски капацитет и во политиките на добро владеење.

„И да, вчера во Собранието беше усвоен државниот Буџет за идната година без влечење и тепање на пратеници. Туку на достоинствен, европски начин. Овој ден нека остане вечен потсетник на едно поинакво минато време на полициска бруталност и автократски режим – тоа е импулсот за уште посилно да се бориме – за слободата на граѓаните, за правото на одлука во свое име, за правото на слободно изразување и известување. Да не се заборави и никогаш да не се повтори тој црн понеделник“, додава министерот Спасовски во објавата на Фејсбук.

Соопштение посветено на „црниот понеделник“ испрати и СДСМ во кое посочува дека „не треба да се заборават режимските методи на ВМРО-ДПМНЕ“.

„24 декември 2012 година е еден од најцрните датуми во историјата на македонската демократија. На овој ден, пред 10 години пратеници и новинари насилно беа исфрлени од Собранието, од храмот на демократијата, првите беа исфрлени за да не се спротивстват на носењето на најрасипничкиот буџет во историјата на државата, а вторите за да не известуваат од тепањето пратеници. Тогаш, целата јавност ја виде суровоста на еден еден насилнички режим, а токму настаните од тој црн понеделник и неказнивоста на одговорните доведе до уште поцрн датум, до 27 април 2017 година кога режимот тргна да убива пратеници, полицајци и вработени во Собранието. 24 декември е потсетник никогаш да не се заборават и никогаш да не се повторат режимските методи на ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article