More

    Помеѓу 400 и 500 странски работници загинаа на градилиштата на стадионот во Катар

    spot_img

    Генералниот секретар на организацискиот одбор на Светското првенство во Катар, Хасан ал Тавади во интервју за британскиот телевизиски канал Talk TV зборуваше за стотиците убиени странски работници во врска со Светското првенство во Катар.

    Според официјалните податоци на организаторите на Светското првенство, на градилиштата на стадионот во Катар загинале три лица.

    „Проценката е 400, помеѓу 400 и 500. Немам точна бројка“, рече Ал-Тавади на прашањето за реалниот број на работници мигранти кои починале како резултат на нивната работа на Светското првенство.

    Сепак, организацискиот одбор сè уште не објави официјални податоци за вкупниот број на печалбари кои починале во врска со СП.

    Сензационален извештај на британски Гардијан од почетокот на минатата година зборуваше за повеќе од 6.500 загинати работници од пет азиски земји на градилиштата во Емиратот во последните десет години. Катар секогаш ја демантираше оваа информација.

    Во разговорот Ал Тавади уште еднаш ги истакнал катарските реформи, кои според него, значително ги подобриле условите за работа на работниците на градилиштата на СП во последните години.

    Многу европски фудбалски асоцијации се залагаат за формирање на компензациски фонд за работниците мигранти во Катар и за формирање на нивниот центар во Доха, пренесува СТА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img