Многу луѓе чувствуваат болка во нозете кога одат, но тоа го припишуваат на стареење или замор. Сепак, таквата болка може да биде знак за нешто многу посериозно.
Ако ве болат нозете при одење, можеби страдате од болест на периферните артерии (ПАД), предупреди професорот Дејвид Њуби од Британската фондација за срце.
„Ако чувствувате стегање или грчеви во вашите нозе додека одите, можеби е паметно да одите на лекар бидејќи тоа може да бидат индикатори за ПАБ. Болеста е најчеста кај пушачите и дијабетичарите“, рече тој.
Кај периферните артериски болести, акумулираните масни наслаги во артериите го ограничуваат протокот на крв во мускулите на нозете, поради што чувствуваме болка. Овие делови од маснотии можат да го блокираат и протокот на крв во мозокот, што може да доведе до фатални срцеви и мозочни удари, пренесува Index.hr.
Како да се спречи ПАБ?
Лекарите советуваат редовно вежбање, избегнување пушење и исхрана богата со овошје, зеленчук, здрави масти и цели зрна.
Основните причини, вклучувајќи висок крвен притисок, висок холестерол и дијабетес, исто така треба да се третираат.