More

    ПОЛУДЕА ЦЕНИТЕ НА КАФЕТО НА БЕРЗИТЕ Дали тоа ќе значи дека ќе пиеме поскапо кафе?

    spot_img

    Глобалната цена на сировото кафе сега е на „највисоко ниво на сите времиња“, а ќе продолжи да расте  поради комбинацијата на проблематичните услови за производство на културата,  пазарните сили, исцрпените залихи – и најсмрдливото овошје во светот, предвидуваат аналитичарите.

    Цената на сировото кафе на берзите во Лондон за  сортата „робуста“ и Њујорк за сортата  „арабика“ порасна дури 5 пати од јануари 2016 година до почетокот на септември годинава.

    Сега сите се свртени кон Бразил каде се очекува пролетната жетва која зависи од дождовите од годинава. Бразил има проблеми со производството на кафе  поради климатските промени. Во 2021 година, необичен мраз ги уништи посевите на кафе во Бразил, најголемиот светски производител на „арабика“. Од тогаш купувачите се свртија кон Виетнам, Колумбија, Етиопија, Перу и Уганда каде што  се произведува сортата „робуста“ што вообичаено се користи во инстант мешавини.

    Од Меѓународната организација за кафе информираат дека извозот на кафето „робуста“ од Виетнам во јуни е преполовен во однос на јуни претходната година, а залихите на сортата се „речиси исцрпени“.

    Ова е резултат на најтешката суша во последните речиси десет години поради што  Виетнамците го напуштаат производството на кафе и преоѓаат на производство на смрдливото жолто овошје – „дуријан“ кое го извезуваат во Кина. Таму уделот на виетнамскиот „дуријан“ речиси се удвоил во 2023 и 2024 година, а за Виетнамците е пет пати поисплатлив од кафето.

    Извозниците на кафето „робуста“ во Колумбија, Етиопија, Перу и Уганда го зголемија извозот, но сè уште нема доволно кафе за да се надомести затегнатиот пазар.

    Затоа цените на сировата „робуста“ и „арабика“ сега се на речиси рекордно високи нивоа, а тоа влијае и на цената на секоја шолја кафе.

    Сите надежи сега се свртени кон претстојната пролетна жетва во Бразил, кој произведува една третина од светското кафе, ќе биде „клучна“ за цените, но дека тоа зависи од дождот. ако дождот пристигне доцна и приносите на кафето ќе се намалат. Сето тоа ќе влијае и на цената на кафето.

    Британските трговци со кафе очекуваат кафето во кафулињата  да чини повеќе од 5 фунти, а во САД да чини и 7 долари.

    Податоците, пак,  од индустријата за кафе покажуваат дека високата пазарна цена на сировото кафе не мора да води до повисоки малопродажни цени.

    Фелипе Барето Кроче, извршен директор на FAFCoffees во Бразил, се согласува дека цените на кафето се зголемиле, но тврди дека тоа „главно се должи на инфлаторните трошоци воопшто“, како што се киријата на простории и работната сила, наместо цената на самото сирово кафе.

    Фирмата „Consultancy Allegra Strategies“ проценува дека суровото кафе сочинува помалку од 10% од цената на една шолја кафе во кафуле.

    Кроче верува дека кафето е сè уште многу евтино, ако се приготвува дома, иако се уште е луксузна стока.

    Тој исто така вели дека поскапувањето на понискоквалитетното сирово кафе значи дека висококвалитетното кафе сега се плаќа повеќе како компаративна подобра вредност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img