Претседателот на полскиот Парламент, Шимон Холовнија, изјави дека во случај на војна жена му ќе отиде на фронтот.
– Жена ми ќе замине на фронтот. Ако избие оружен конфликт, таа е спремна да умре. Јас не го сакам тоа, не дај Боже – рекол Холовнија според објавата на српскиот Б92.
Сопругата на претседателот Сејма Уршула Бжежинска Холовнија (36) е офицерка на полските воздухопловни сили и пилот на авионот ловец МиГ-29.
– Таа навистина служи во вооружените сили, не војува со зборови како што правиме ние во медиумите или во политиката – додал претседателот на полскиот Парламент.
Францускиот претседател Емануел Макрон создаде лавина од реакции кога изјави дека не исклучува праќање војници на НАТО во Украина. Кремљ ја осуди неговата изјава, а други членки на НАТО рекоа дека не планираат да ги праќаат своите трупи во војна.
Бројни аналитичари спомнаа дека Полска може да му биде следната мета на рускиот претседател Владимир Путин.