Полски навивачи запалиле полицаец во Бирмингем

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Четворица британски полицајци беа повредени за време на судирите со навивачите на Легија Варшава пред дуелот на Астон Вила со полскиот клуб  во Бирмингем, во рамките на 5.коло во европската Конференциска лига кој заврши со победа на домачините до 2-1. Инцидентите избиле пред почетокот на натпреварот, на паркингот во близина на стадионот Вила Парк, каде под полициски надзор биле собрани навивачите на Легија. Кон полицијата биле фрлени ракети и разни проектили. Според британските медиуми, Полјаците „запалиле еден полицаец“.

 

Полицаецот со изгореници е пренесен во болница, а во нередите се повредени вкупно четворица полицајци, два полициски коња и две кучиња.

 

Во тепачката, навивачите на Легија користеле факели во шише за да фрлаат кон полицијата.
Навивачите на полскиот тим кои важат за едни од најпроблематичните, направија инцидент на гостувањето кај АЗ Алкмар, по кој беше одлучено е Легија да добие 1.000 места за мечот во Бирмингем наместо планираните 1.700.

 

Речиси 1.000 Полјаци пристигнаа во Бирмингем без билети и се смета дека биле подготвени да се обидат насилно да влезат на стадионот. На крајот ниту еден од гостинските навивачи не смееше да влезе во „Вила парк“.

Share This Article