Католичката црква во Полска се најде во центарот на скандал откако група свештеници организираа „секс забава“ на која машка проститутка се онесвести.
„Инцидентот беше чисто сексуален по природа“, изјави за весникот неименуван извор запознаен со инцидентот.
Тој откри „дека присутните на забавата земале лекови за да ја зголемат потенцијата“, пренесува Index.hr.
Полскиот дневен весник Gazeta Wyborcza пишува дека „забавата излезе од контрола, а машката проститутка изгубила свест“, што предизвикало итен повик. Меѓутоа, кога пристигнале болничарите, им било забрането да влезат во просториите. Болничарите потоа наводно повикале полиција, која им помогнала да стигнат до човекот кој паднал во несвест.
Портпаролот на локалното обвинителство за Газета Виброца изјави дека е покрената истрага за евентуално неукажување помош на лице чие здравје е загрозено, што е кривично дело казниво до три години затвор.
Како одговор на новинарско прашање, локалната католичка курија потврди дека имало инцидент со „интервенција на итните служби и полицијата во зграда што и припаѓа на парохијата“. Се вели дека бискупот назначил комисија итно да објасни што се случило.
Курија во следното соопштение објави дека „досегашните наоди на комисијата се разликуваат од информациите презентирани од некои медиуми“, иако не прецизираше точно кои информации ги смета за неточни.
Настаните потоа добија дополнителен драматичен пресврт кога некој ги запали вратите на базиликата во парохијата каде што се случи наводниот инцидент. Пожарникарите го изгаснале пожарот, нема повредени. Полицијата подоцна приведе маж осомничен дека го подметнал пожарот.
Курија објави дека свештеникот во чиј стан се случил наводниот инцидент – кој според полскиот закон за приватност може да биде именуван само како Томаш З. – е отстранет од сите црковни должности „се додека не се разјасни работата“.
Во меѓувреме, неделниот католички магазин Niedziela објави дека ја прекина соработката со Томас З., кој претходно беше главен уредник на неговото локално издание.
Во меѓувреме, свештеникот во црквата каде што се случи наводниот инцидент рече за време на неделната миса дека „го осудува чинот извршен од отец Томас З“, но исто така апелираше до луѓето „да не дејствуваат за зајакнување на спиралата на омразата: злото мора да се надмине со добро“.