Полска воведе задолжителна обука за безбедност во училиштата, која вклучува ракување со оружје и обука за прва помош

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полска воведе задолжителна обука за безбедност во училиштата, која вклучува ракување со оружје и обука за прва помош.

Како што објави „Еуроњуз“, со оглед на близината на војната во Украина и зголемените стравувања од заканите на Москва за полската територија, владата во Варшава одлучи да воведе такви мерки во погорните одделенија од основните и средните училишта.

Така, сега 14-годишните деца ќе научат како да пукаат за да се справат со воени ситуации и да можат да пружат помош.

На часовите учениците ќе научат и како да склопуваат и расклопуваат оружје, како и како да ја подобрат прецизноста во гаѓањето во цел.

За безбедност на учениците за време на оваа настава нема да се користи боева муниција, туку ласерски пиштоли.

Share This Article