More

    Полска им се нуди на САД, Белата куќа „не знае ништо“

    spot_img

    Полскиот претседател Анджеј Дуда вчера се пофали дека им се понудил на НАТО и САД неговата земја да „споделува“ нуклеарно оружје. Тоа би значело сѐ од распоред на нуклеарни ракети до понуда на авиони за придружба или извидување за нуклеарна миси, пишува Блумберг.

    – Проблемот, пред сè, е што немаме нуклеарно оружје. Секогаш постои потенцијална можност да се учествува во нуклеарното споделување – рече Дуда во интервју за весникот „Газета“.

    Официјален претставник на Белата куќа рече дека не знаеле за прашањето што се покренува и упати дополнителни прашања до полската влада. САД и НАТО претходно јавно изјавија дека немаат план да распоредат нуклеарно оружје во земјите кои се приклучија на Алијансата по колапсот на комунизмот.

    Полска, најголемата членка на НАТО од поранешниот Варшавски пакт, е еден од најгласните поборници за зајакнување на источното крило на Алијансата. Но, за какви нуклеарни активности се понудил Дуда? Тој не прецизираше со кого разговарал во американската влада.

    Висок дипломат во Варшава рече дека коментарите на Дуда потенцијално би можеле да вклучуваат некоја од тие активности. Дипломатот, кој одби да биде именуван бидејќи не е овластен да зборува јавно за ова прашање, рече дека домаќинството на оружјето ќе биде во безбедносни интереси на Полска, регионот и цела Европа.

    Сојузниците како Германија, Белгија, Холандија, Италија и Турција се домаќини на американско нуклеарно оружје на нивна територија. Вака велат информациите од Центарот за контрола и неширење на оружјето.

    Во април, Јарослав Качински, де-факто лидерот на Полска како шеф на владејачката Партија на правото и правдата, изјави за германскиот весник Велт ам Зонтаг дека неговата земја е „отворена“ за домаќинство на американско нуклеарно оружје.

    Полска, исто така, одржува посебни разговори со голем број земји, вклучително и САД, за стекнување атомска енергија.

    Во април, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека полската влада „неодамна предизвика длабока загриженост: линијата е крајно милитантна, антируска, а предложените активности, се разбира, можат само да доведат до дополнително зголемување на тензиите на континентот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img