Во чест на празникот Илинден во село Лактиње, Градоначалникот Зоран Ногачески и претседателот на советот на општина Дебрца Илчо Алексоски како и претставници на Сојузот на борците од НОАВМ Охрид и Дебрца, Месната заедница, политички партии и граѓани положија цвеќе и се поклонија пред Спомен обележјата од Илинденското востание и од НОБ.
Воедно денес со свечена литургија се одбележа стогодишнината од изградбата на црквата “Св.Пророк Илија”, во село Лактиње.
Илинден е симбол на вечниот стремеж за слобода и за самостојност на македонскиот народ, темел на нашата државност, потврда за нашиот идентитет, нашата историја, јазик и култура и постојан патоказ за нашата иднина.
Дебрца е нераскинливо втемелена и во двата Илиндена.
Честит празник Македонијо и за многу години .