More

    Половина од демократите се против кандидатурата на Бајден, но би го поддржале на изборите

    spot_img

    Помалку од 50 отсто од приврзаниците на Американската демократска партија сметаат дека американскиот претседател Џозеф Бајден треба да се кандидира за нов мандат на изборите следната година, но огромно мнозинство од нив веројатно би го поддржале доколку влезе во трката, покажува новото истражување.

    Истражувањето на агенцијата АП и Центарот за истражување на јавното мислење Норк (NORC) покажа дека 26 отсто од Американците сакаат Бајден повторно да се кандидира за претседател во 2024 година, што претставува благ пораст во споредба со јануари, кога тоа го кажале 22 отсто од испитаниците.

    Од гласачите на Демократската партија на Бајден, 47 отсто сега рекле дека сакаат тој да се кандидира, што е исто така повеќе отколку во јануари, кога тоа го кажале 37 отсто од анкетираните демократски поддржувачи.

    Бајден посочи дека наскоро и официјално ќе го објави влегувањето во претседателската трка, а упатените велат дека тоа би можел да го направи веќе следната недела.

    Како можен датум за објавување на кандидатурата се споменува 25 април, бидејќи Бајден на тој ден во 2019 година и официјално влезе во трката за претседателски кандидат на Демократската партија на изборите во 2020 година.

    Иако голем дел од поддржувачите на демократите не гледаат позитивно на новата кандидатура на Бајден, 78 отсто од нив се изјасниле дека го поддржуваат начинот на кој тој ја извршува функцијата претседател.

    Според последното истражување, 81 отсто од демократските поддржувачи рекле дека веројатно или дефинитивно би гласале за Бајден на претседателските избори на 5 ноември 2024 година. 41 отсто од анкетираните рекле дека секако би го поддржале, а 40 отсто дека веројатно би го направиле тоа.

    Одговорите дадени од испитаниците сугерираат дека јазот меѓу демократските гласачи е под влијание на нивната загриженост за возраста на Бајден, но и на бунтот на помладата генерација демократи, чии претставници сакаат лидерство што ги одразува нивните вредности.

    Бајден, најстариот американски претседател, сега има 80 години, 15 дена по изборите би наполнил 82 години, а на крајот од вториот претседателски мандат би имал 86 години.

    За време на претседателската кампања во 2020 година, Бајден навести дека нема да се кандидира за втор мандат во Белата куќа и ја претстави својата кандидатура како мост за новата генерација демократски лидери.

    Сепак, тој во последните неколку месеци повеќепати изразуваше намера да се кандидира за втор мандат, а минатата недела во Ирска изјави дека „релативно наскоро“ ќе објави дека влегува во трката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img