More

    Полициско куче се задушило од топлото време, кривична за полицаецот

    spot_img

    Службено полициско куче угинало откако било оставено час и половина на топлото време заклучено во возило, од страна на полицискиот службеник кој бил одговорен за животното.

    Од МВР информираа дека полицискиот службеник заработил кривична пријава за делото „убивање и мачење животни“.

    „Пријавениот на 12.06.2024 година од 10.00 до 12.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, по завршување на работните задачи со службеното куче, согласно наредба за вршење на служба, во задниот дел од службеното возило „дачија”, во боксот за транспорт го сместил службеното куче, раса белгиски овчар, го паркирал возилото со исклучени мотор и клима, а вклучена вентилација и го напуштил возилото на час и половина. Откако се вратил назад, забележал дека кучето било во лоша здравствена состојба, по што се упатил во ветеринарна станица каде било констатирано дека кучето веќе угинало. По извршена обдукција од страна на Факултет за ветеринарство било утврдено дека причина за угинувањето на кучето е угушување, предизвикано од топлотен удар“, соопштуваат од МВР.

    Поради ова одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, била поднесена кривична пријава против Д.М., полициски службеник на работно место водич на службено куче, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „убивање и мачење на животни”, по член 233 од Кривичниот законик.

    Исто така против полицискиот службеник Д.М. ќе биде поднесен предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска и на материјална одговорност.

    фото: picryl.com

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img