Полицијата во Белград, го приведоа А.О.(25) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело нанесување на телесна повреда, соопшти српското МВР.
Осомничениот, според обвинението, се сомничи дека синоќа околу 23.45 часот во Сурчин со нож расекол 17-годишна девојка и ѝ нанел лесна физичка повреда.
Како што се дознава, во моментот на нападот, жртвата стоела пред ресторанот со нејзината пријателка.
Веднаш по извршувањето на кривичното дело, полициските службеници го идентификувале и привеле А.О.
На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.