More

    Полицијата уште вечерва воведува посебен сообраќаен режим за чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев

    spot_img

    Поради најавениот настан за организирано чествување на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев на 04. февруари, в сабота, во црквата „Св. Спас” во Скопје, уште вечерва во 18:00 часот Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе засилени активности и мерки за подигнување на безбедноста околу местото на одржување на настанот, при што ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.

    Притоа, од денеска за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова”, на потегот од ул.„Иљо Војвода” (виадукт Самоилова) до крстосницата со ул.„Прохор Пчински”, а на 04.02.2023 година (сабота) посебен режим на сообраќај ќе се спроведе на ул.„Лазар Личеновски” и ул.„Самоилова”.

    Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска во утринската програма „Македонија наутро” на МТВ одговарајќи на прашањето околу капацитетите на МВР за мирно чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари, потенцираше дека македонската полиција има капацитети во било какви услови да ја задржи безбедноста и мирот и спокојот на граѓаните.

    – Граѓаните воопшто не треба да се грижат. Ќе бидат преземени сите мерки за достоинствено чествување, без никакво нарушување на јавниот ред и мир. На основа на проценките, ќе биде активиран план кој ќе придонесе за мирно чествување. Присуството на полицијата треба да биде на наше задоволство дека ќе се осигура мирно и достоинствено чествување, а не да се вознемируваме дека има присуство на полицајци. Тие се тие коишто нѐ штитат и ни создаваат атмосфера во којашто сите ние безбедно живееме и работиме – рече министерот Спасовски.

    Министерот Спасовски, исто така, истакна дека најавите за некакви „ноќни стражи” се едноставно неприфатливи, а полицијата е таа која ја гарантира безбедноста на граѓаните.

    Министерот Спасовски за време на гостувањето во утринската програма уште еднаш испрати апел за достоинствено чествување, порака до сите дека секој поединец ја носи својата лична одговорност за заедничката безбедност, за демократско однесување и дека македонската полиција е целосно подготвена да обезбеди услови за достоинствено чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев без никакви нарушувања на јавниот ред и мир.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img