Полицијата упаси двајца жители на село Лакавица, гостиварско, затоа што со огнено оружје застрелале два коња, информира МВР во дневниот билтен.
„На 07.09.2023 околу 15.30 часот во гостиварско, од полициски службеници од полициска станица Гостивар се лишени од слобода А.А.(32) и З.И.(31) двајцата од село Лакавица, гостиварско постапувајќи по пријава според која во село Страјане, гостиварско, тие со огнено оружје усмртиле два коња. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“ – се вели во билтенот на МВР.