More

    Полицијата спречила регрутирање на тинејџери во терористичка група

    spot_img

    20-годишен Македонец бил уапсен во Сант Пелтен, Австрија бидејќи е осомничен дека предводел група за поддршка на терористичката организација Исламска држава (ИСИС). Момчето, кое моментално издржува петгодишна затворска казна, било лидер на оваа група, пренесува австриски „Die Pressе“.

    Според австриската полиција, на прес-конференција одржана во вторникот, откриено е дека групата регрутирала осум тинејџери на возраст од 13 до 15 години за да им се приклучат на ИСИС.

    Овој случај е исто така поврзан со крајнодесничарски групи. Осомничениот 20-годишник претходно бил забележан во 2023 година кога оставал графити на ИСИС на главната железничка станица во Сант Пелтен. Поради ова, во јавноста станал познат како „ИСИС-спреер од Сант Пелтен“. Роланд Шершер, шеф на Државната служба за заштита на државата и борба против екстремизмот во Долна Австрија, изјави дека младиот човек бил осуден на затворска казна поради поддршка на терористичка организација и оштетување на јавен имот.

    Пропаганда за ИСИС и Хамас

    По неговото ослободување во ноември минатата година, 20-годишникот повторно бил активен, регрутирајќи луѓе за ИСИС и поддржувајќи го нападот на Хамас врз Израел.

    – Имало неколку места каде што се среќавале – изјави Шершер.

    Родителите на некои од тинејџерите го пријавиле случајот, што довело до понатамошна истрага.

    Тинејџерите што биле регрутирани ширеле видеа и песни кои ја величале идеологијата на ИСИС, а се смета дека тоа било со цел да привлечат нови членови за терористичката организација. Исто така, била спроведувана и антисемитска пропаганда во корист на Хамас и против Израел.

    – Информациите главно се споделувале преку мобилни телефони и интернет – изјави министерот за внатрешни работи, Герхард Карнер, на прес-конференцијата.

    Во октомври, осомничениот 20-годишник повторно бил осуден, овој пат на петгодишна казна затвор поради членство во терористичка организација.

    фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img