Нападот врз сопругот на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси во Сан Франциско не бил случаен чин, соопшти полицијата во петокот.
Тоа не беше случаен чин. Тоа беше намерно, изјави началникот на полицијата во Сан Франциско, Вилијам Скот на прес-конференција, одбивајќи да ги коментира можните мотиви за нападот.
Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, беше „насилно нападнат“ по кражба во нивниот заеднички дом во Калифорнија.
Според некои информации, напаѓачот влегол во нивната куќа со чекан и извикал „Каде е Ненси“, што сугерира дека лидерот на Претставничкиот дом всушност бил вистинската цел на нападот.