Полицијата вчера вечерта лиши од слобода девет дилери на дрога во кругот на основно училиште во Тетово.
-Полицијата ги лиши од слобода Ш.Л.(24), Т.А.(24), Д.Б.(18), Е.Е.(22), В.Л.(19), А.Е.(25), А.Ш.(24), Л.Л.(28), сите од Тетово и Џ.М.(22) од село Стримница, Тетовско, затоа што во нивна непосредна близина биле пронајдени и одземени 21 ќесичка со марихуана, а по извршена проверка било констатирано дека Л.Л. се барал и по судска наредба за издржување на затворска казна – соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР додаваат дека Л.Л ќе биде спроведен во казнено поправна установа за издржување на казната, а по целосно документирање на случајот против сите ќе биде поднесен соодветен поднесок.