Полицијата претресувала денеска низ целата земја

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Повеќе од 20 лица се приведени во акцијата на полицијата за сузбивање на недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи.

Против овие лица по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Како што соопшти МВР, од 05.00 часот на територија на Република Северна Македонија беа извршени претреси во домови и други простории на над 20 локации (пет во Тетово, по две на подрачјата на Гевгелија и Кичево, по една во Скопје, Куманово, Струмица, Штип, Струга, Пробиштип, Берово, Свети Николе, Битола, Гостивар, Неготино и Кавадарци), при што беа пронајдени и одземени поголема количина марихуана, стебла канабис, 22 пакувања со хероин, амфетамин, прашкаста материја, грутчеста материја, предмети со остатоци од прашкаста материја, парични средства, две дробилки, три ваги, 29 куршуми од кои 25 со калибар 7,62 х 39 мм и четири куршуми со калибар 38 специјал. Како што соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска, на подрачјето на Гевгелија е пронајдена и импровизирана лабораторија за производство на канабис.

Share This Article