More

    Полицијата предупредува за лажни профили што крадат податоци, а потоа и пари

    spot_img

    МВР предупредува дека измамници на интернет им се претставуваат на граѓаните како полиција или како Интерпол и им нудат помош да си ги вратат изгубените пари  од лажни онлајн инвестиции како „Конти“ и други.

    „Периодов зачестена е појавата на лажни профили на социјалните мрежи кои се преставуваат во име на Интерпол или Министерството за внатрешни работи или во име на компании кои нудат некаков вид на помош, посредување, па дури и враќање на парични средства на лица кои своите средства ги изгубиле во лажни онлајн инвестиции како што беше `Конти` и други слични на него. Kако Министерство за внатрешни работи информираме и предупредуваме дека се работи за класични интернет измами или таканаречени phishing измами, чија цел е прибирање на лични податоци, со цел понатамошно нивно користење во криминални деjанија, како и злоупотреба на платежните картици, со цел стекнување на финансиска корист“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

    Од МВР апелираат граѓаните да не наседнуваат на ваквиот вид на измами и да бидат многу внимателни каде ги оставаат своите лични податоци, како и податоците од своите платежни картички.

    „Исто така напоменуваме дека Министерството за внатрешни работи има свои канали на комуникација, односно сите линкови кои се поврзани со нашето миниaстерство можете да ги најдете на официјалната на страна на Министерството за внатрешни работи, односно www.mvr.gov.mk“, се додава во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img