Вчера навечер, криминалистичката полиција при Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид извршила акција по претходни оперативни сознанија во село Мешеишта, Општина Дебарца,во поранешниот ресторн „Шумски Рај“ каде што беше откриена лабораторија за производство на марихуана.
При извршениот претрес на локацијата, полицијата пронашла поголема количина на опојната дрога марихуана, како и оружје ,пиштоли , автоматски пушки „Калашников“и неколку бомби, дознава редакцијата на Охридскај.
Операцијата била спроведена од страна на криминалистичката полиција, која дејствувала врз основа на оперативни информации за можно производство и дистрибуција на дрога во овој дел на општина Дебарца регион.Еден од приведените претходниот ден со уште едно лице од Струга биле фатени со опојна дрога „Кокаин“.
Засега не се објавени детали за бројот на лица кои се приведени или за точната количина на запленетата дрога и оружје.
Се очекуваат дополнителни информации од СВР Охрид во текот на денот, каде што ќе бидат објавени официјални детали за оваа полициска акција, како и за правните постапки што ќе следат против осомничените лица.
Оваа акција претставува дел од континуираните напори на македонската полиција за сузбивање на организираниот криминал и илегалната трговија со опојни дроги во земјата.
Текстот ќе биде ажуриран штом ќе пристигнат дополнителни информации од надлежните органи.
С.Денесовски



























