Полицијата откри дрога и оружје во затворот во Идризово

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полициски службеници од повеќе оддели во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, а во координација со Управата за извршување на санкции, спроведоа координирана полициска акција на локација во КПУ Идризово.

Целта на акцијата била пронаоѓање на недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, како резултат на зајакната меѓуинституционална соработка, во насока на превентивно делување и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи.

– По добиена наредба од Судија за претходна постапка, извршени се претреси во вкупно 25 ќелии во различни одделенија во КПУ Идризово. При претресите пронајдени се поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни валути и апоени, 50-тина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножеви и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста, течна состојба и таблетки и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела – изјави портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ – Талевска.

Дел од пронајдените предмети се одземени за понатамошна постапка од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, додека останатите предмети се предадени на затворска служба за понатамошна постапка.

Share This Article