More

    Полицијата објави фотографии од напаѓачот во Монтереј Парк

    spot_img

    Полицијата во Лос Анџелес ги објави првите фотографии од лицето осомничено за вооружениот напад за време на прославата на Лунарната Нова година во Монтереј Парк, Калифорнија.

    Осомничениот е опишан како лице високо 177-178 сантиметри, облечено во црна јакна и со очила.

    Според објавата од властите, полициските инспектори го идентификувале како осомничен и предупредуваат дека лицето треба да се смета за опасно и вооружено.

    Медиумите, исто така, јавуваат дека полицајците во изминатиот околу еден час пронашле и опколиле бело комбе јужно од Лос Анџелес, за кое сметаат дека можеби е поврзано со пукањето, но ова засега не е потврдено од властите.

    Во нападот беа убиени 10 лица, а уште 10 се ранети од кои некои се во критична состојба.

    Мотивите за масовното убиство засега не се познати. Во неговиот опис стои дека е од азиско потекло, како и најголем број од неговите жртви на прославата на кинеската Нова година.

    Монтереј Парк, каде се случи нападот за време на прославата на кинеската Нова година, се наоѓа на десетина километри од Лос Анџелес. Станува збор за град со околу 60.000 население од кое мнозинството е со азиско потекло.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img