Поради одржување два синдикални првомајски протести СВР Скопје за утре најавува посебен режим на сообраќајот по неколку сообраќајници во центарот на Скопје.
Како што соопшти МВР, од 10 до 12.30 часот ќе има посебен сообраќаен режим поради најавен протест на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија кој ќе се реализра од пред канцелариите на КСС на улица 50 Дивизија, по улица Јордан Мијалков, булеварот Климент Охридски се до Владата на булевар Илинден.
Исто така, со почеток во 12 часот е најавен протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) со траса на движење од пред зградата на ССМ на улица Мирче Ацев кон Собранието по улиците Филип Втори Македонски, 11 Октомври и по улицата Димитрија Чуповски, потоа кон седиштето на Стопанската комора на Македонија и ќе заврши на булевар Илинден пред Владата.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.