Полицијата на кантонот Уна-Сана (УСК) изврши рација во Прифатниот центар Липа во раните утрински часови. Во таа превентивна акција учествуваа околу 80 полициски службеници, а истата беше реализирана во соработка со членови на Дирекцијата за координација на полициските органи кои вообичаено се задолжени за обезбедување на објектот.
Потврдено е дека е прегледан дел од тој прифатен центар, односно одреден број луѓе и објекти каде што престојуваат.
„Увидот е извршен со цел превенција, но и со оглед на сите овие безбедносни настани во последно време што ги бележиме на подрачјето на УСК, а се поврзани со мигрантската популација. Прегледот не наиде на ништо интересно од аспект на нашата област на делување, но сметаме дека целите се постигнати со спроведувањето на самите активности“, изјави портпаролот на полицијата на УСК, Але Шиљдедиќ.
Од полициската управа на УСК истакнаа дека слични превентивни активности ќе бидат вообичаена практика и во наредниот период.