Во текот на синоќешните сообраќајни контроли во Скопје, полицијата казни 24 возачи за кои било утврдено дека возеле под дејство на алкохол.
Казнети се вкупно 156 возачи.
Полицијата напиша и 22 казни за брзо возење, 10 санкции за возење без возачка дозвола, две за минување на црвено светло, десет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири за возач почетник, велат од МВР и најавуваат продолжување со засилените акциски котроли во сообраќајот.