More

    Полицијата ја продолжува потрагата по 43-годишната Лидија Трајковска, која трет ден е исчезната

    spot_img

    Полицијата ја продолжува потрагата по 43-годишната Лидија Трајковска, која трет ден е исчезната. Семејството кое го пријави исчезнувањето вели дека нема здравствени проблеми и не е конфликтна жена.

    Полицијата не соопштува детали од потрагата. Познато е само дека освен теренска обиколка, информативни разговори, преглед на камери, пребарувано е и со дронови.

    Семејството претходно соопшти дека Лидија излегла од дома и отишла на автобуска станица. Според нивните информации, таа била вознемирена, но не се знае од што. Нема телефон, ниту документи со неа. Носела зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми.

    Семејството ги повикува сите граѓани кои евентуално ја забележале или имаат информации кои би помогнале да се расветли случајот, да го контактираат нив на бројот 071 345 208 или полицијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img