Македонската полиција ги демантираше шпекулациите во јавноста дека новопоставени камери низ Скопје веќе снимаат возачи и казнуваат за брзо возење и поминување на жолто и на црвено светло.
МВР реагираше на лажната порака која се рашири на вајбер и по интернет во која некој напишал дека дека казнувањето почнало, дека дозволено е пречекорување од 5 км/час повеќе од дозволеното и дека наводно казната за компании ќе биде двојно поголема од онаа за физички лица.
Од МВР соопштија:
„Новите камери кои се поставуваат во Скопје се во рамките на проектот „Безбеден град” и откако ќе бидат поставени, ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци. Камерите сè уште не се во функција. По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект соодветно ќе ја известиме јавноста“.