Полицијата и Полицискиот инспекторат на Косово ја примија денеска, на пригодна церемонија, донацијата од седум беспилотни летала од САД

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полицијата и Полицискиот инспекторат на Косово ја примија денеска, на пригодна церемонија, донацијата од седум беспилотни летала од Соединетите Американски Држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

Директорот на косовската полиција, Газменд Хоџа им се заблагодари на САД за донацијата и поддршката, која, како што рече, е особено значајна во деновите кога полицијата загуби еден од своите наредници, односно по убиството на полицаецот Африм Буњаку во селото Бањска во северно Косово, на 24 септември.

Тој ја оцени донацијата од САД како исклучително неопходна и вредна.

– (Донацијата) ќе влијае на градењето на капацитетите на полицијата, како што се граничниот надзор и истрагите. Станува збор за беспилотни летала и опрема кои се избрани од експертите на косовската полиција. Можам да му гарантирам на амбасадорот на САД, Џефри Ховениер дека полицијата ќе ги користи сите овие уреди во легални цели со цел да обезбеди поквалитетни услуги за сите граѓани – рече Хоџа.

Американскиот амбасадор, Ховениер ги опиша пристигнатите дронови како „витален ресурс за органите за спроведување на законот во Косово“.

– Дроновите ќе помогнат во борбата против негативните појави. Тие ќе бидат витален ресурс во справувањето со организираниот криминал и борбата против шверцот. Добивањето добри информации, исто така, ќе помогне да се преземат навремени дејствија – рече Ховениер.

Тој нагласи дека последната донација претставува продолжување на поддршката на САД за Косово.

Share This Article