Управата на полицијата за натпревар од висок ризик го прогласи фудбалскиот натпревар меѓу Динамо и Хајдук кој ќе се одигра на 13 август на Максимир во Загреб.
Полицијата во понеделник соопшти дека започнала со интензивни подготовки 15 дена пред одигрувањето на натпреварот и дека ќе следи интензивна комуникација меѓу клубовите, Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) и полицијата во врска со подготовката и спроведувањето на обезбедувањето на фудбалското дерби.
Од полицијата додаваат дека навремено ќе ја информираат јавноста за подготовките и спроведувањето на обезбедувањето на натпреварот.