На црногорскиот претседателски кандидат на Движењето Европа сега (ПЕС) Јаков Милатовиќ ќе му биде доделено полициско обезбедување, кое неговата партија го побара поради стравувања дека е физички загрозен, потврди подгоричка „Вијеста“ од Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.
Владата за ова денеска или утре ќе одлучува на телефонска средба, потврдил соговорникот на весникот од извршната власт.
Оваа одлука на кабинетот на премиерот Дритан Абазовиќ, како и во некои други случаи, ќе биде привремена додека Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Управата на полицијата не утврдат дали и од каде Милатовиќ е во опасност, пишува „Вијести“.