Полицијата ги ослободила активистите на Левица кои беа приведени вчера на протестот во Скопје мотивиран од скандалот на Клиниката за онкологија, соопшти партијата.
– Тука не постои држава! Партиската полиција на Спасовски се сили на студенти од Црвена Младина, кои се првенци на генерација. Двајца активисти се уапсени од специјалци и донесени во полициската станица Беко. Кога видоа дека народ доаѓа, ги пуштија.
Наместо да ги апсат хохштаплериве од Онкологија, ги апсат децава од Црвена младина. Дојден е адвокат и Левица ќе ги покрие сите трошоци. Веќе народ не им се плаши за ништо! Јас ќе го прозвам Оливер Спасовски на пратенички прашања за тоа како специјалци им се силат на голораки студенти. Ние одиме до крај – до падот на овој хибриден режим! – рече синоќа Димитар Апасиев во говорот пред полициската станица Беко.