Полицијата фрла луѓе на земјата и ги апси во повеќе градови во Русија каде тие почнаа да се собираат попладнево, сугерираат снимки објавени на социјалните мрежи. Антивоеното движење „Весна“(Пролет) ги повика луѓето да се бунтуваат, по одлуката на Путин да мобилизира 300.000 жители од руралните средини, јавува Мондо.
„Не мора да умирате за Путин. Во Русија ви требаат оние кои ве сакаат. Вие сте само топовско месо за властите и ќе бидете потрошени без никаква смисла или цел“.
Обвинителството во Москва веќе објави дека оние кои учествуваат во протести и неодобрени масовни настани можат да добијат затворска казна до 15 години, а наводно, од почетокот на војната во Украина, во Русија се приведени над 15 илјади луѓе.