Полицијата денеска изутрина уапси жена од Скопје за која постојат сомнежи дека принудувала две малолетнички да имаат сексуални односи со возрасни мажи. Девојчињата биле и снимани и фотографирани.
„На 01.12.2023 околу 06 часот во Скопје приведена е Г.Р. од Скопје поради основи на сомнение дека на територија на Скопје овозможувала на возрасни лица да имаат сексуални односи со две малолетнички од Скопје, при што истите и ги снимале“, информира МВР.