More

    Полицајката Џенана била во врска со убиецот од Градачац

    spot_img

    Полициската службеничка од Градачац, Џенана Селимовиќ е суспендирана од работното место во локалната полиција поради поврзаност со тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ, неофицијално е потврдено за Klix.ba. Како што дознава босанскиот портал, врската со тројниот убиец постоела од порано, но таа не му ја открила локацијата на неговата невенчана сопруга која Сулејмановиќ свирепо ја убил, а потоа застрелал уште неколку лица во крвавиот пир во Градачац.

    Полициската управа на Тузланскиот кантон денеска покрена дисциплинска постапка против Селимовиќ и беше одлучено таа да биде суспендирана.

    Во јавноста се уште не е официјално објавено како тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ ја дознал локацијата на својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, која брутално ја претепал откако ја пронашол, ја убил со истрел и го снимал убиството.

    Меѓу осомничените кои би можеле да бидат одговорни за откривање на локацијата е и полицаецот од Градачац, Џенана Селимовиќ. Но, сознанијата од досегашната истрага покажале дека оваа суспендираната полицајка не ја открила локацијата на Хеќимовиќ бидејќи ги немала тие информации, пренесуваат босанските медиуми.

    Засега сѐ уште нема официјални информации каков бил точно односот на полицајката и убиецот и кој бил каналот преку кој тројниот убиец ја дознал локацијата на својата невенчана сопруга.

    Како што е потврдено за Klix.ba од истрагата, засега е јасно дека полицајката од Градачац немала никаков удел во делото што е извршено во петокот, поради што Обвинителствот сигурно нема да покрене кривична постапка против неа.

    Од друга страна, Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон денеска ќе поведе дисциплинска постапка против полицајката. Таа сега е осомничена и за врски со други лица обвинети за криминал, за што наводно се пронајдени докази.

    Осомничената полицајка од Градачац вчера преку својот адвокат негираше дека имала било каква врска со убиецот Нермин Сулејмановиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img