Вимблдон и Британската тениска федерација решија да ја затворат вратата за тенисерите кои доаѓаат од Русија и Белорусија.
Тоа наиде на осуда од АТП, но и тенисерите. Гласот го крена и играчот број еден во моментов, Новак Ѓоковиќ.
„Секогаш ќе бидам прв против војната. Како дете кое преживеало војна, знам каква емоционална траума остава војната. Ние во Србија знаеме што се случуваше тука во 1999 година. Обичните луѓе секогаш страдаат, сме имале многу војни на Балканот. Но не можам да ја поддржам одлуката на Вимблдон. Не се виновни спортистите. Кога политиката ќе се замеша во спортот, вообичаено не излегува добро“, соопшти српскиот тенисер.