More

    Политички маркетинг и егзалтации во собраниската сала

    spot_img

    Со организирана „герила-акција“ почна денешната седница на Собранието за пратенички прашања. Пратениците на СДСМ им поделија по еден примерок од договорот со ФРОНТЕКС на колегите од опозицијата, кој, како што егзалтирано објаснуваа пратениците од СДСМ, е потпишан на „чист македонски јазик“, без додавки и фусноти.

    Пратениците од власта ја повикаа опозицијата да види дека со лаги не се води политика, да им се извинат на граѓаните и да се приклучат кон европските вредности.

    Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, изрази чудење од она што се случува во салата.

    – На кој јазик се потпишани сите договори меѓу Македонија и ЕУ од првата спогодба меѓу Македонија и Европската економска заедница,   од 1996 година        до денес? Се што е потпишано е потпишано на македонски јазик. Ако вие имате некое различен јазик, кој го нарекуват  чист, искрено ве жалам. Ова што денес го прикажувате како успех е резултат на вашето неработење – рече Мицевски.

    Пратениците од власта ги потсетија колегите од опозицијата дека лага било нивното тврдење дека македонскиот јазик ќе станел западен дијалект на бугарскиот јазик, а сега е, како што рекоа, „еднаков со сите јазици во Европската унија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img