More

    Политичката ситуација во Франција е тензична веќе неколку недели, а поради тоа владее паника во пресрет на Олимписките игри во Париз кои се одржуваат од 26 јули до 11 август

    spot_img

    Политичката ситуација во Франција е тензична веќе неколку недели, а поради тоа владее паника во пресрет на Олимписките игри во Париз кои се одржуваат од 26 јули до 11 август. Така, дури и некои француски медиуми, меѓу нив и влијателниот Ле Поинт, ја пренесоа информацијата за можно откажување на Олимписките игри што ја потресе целата земја, пишува порталот Инсајд д гејмс.

     

    Поради ова, на своите канали итно реагираше Меѓународниот олимписки комитет (МОК) кој ѝ даде поддршка на Франција.

    „Ова е јасно дел од тековната кампања за дезинформации против Франција, МОК, нашиот претседател и Олимписките игри. Ова всушност нема никаква основа. Претседателот на МОК и Олимпиското движење се радуваат на прекрасните Олимписки игри во Париз“, беше објавено на официјалниот профил на оваа организација на платформата „Икс“.

     

    За потсетување, францускиот претседател Емануел Макрон неодамна го распушти парламентот по неуспехот на европските избори, по што беа закажани предвремени избори за 30 јуни, а вториот круг за 7 јули – сето тоа пред Олимписките игри. Поради сериозното „зајакнување на десницата“ која може да го победи Макрон, се очекува дестабилизација на политичката ситуација во Франција.

    Претходно, Франција беше под притисок да дозволи учество на спортисти од Русија и Белорусија, под неутрално знаме, што исто така предизвика големо негодување во земјата. Се очекува да пристигнат околу 10.000 спортисти од 206 земји.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img