More

    Политичката партија Левица поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Африм Гаши поради блокадата на Законот за бранителите

    spot_img

    Политичката партија Левица поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Африм Гаши поради блокадата на Законот за бранителите.

    Пратеникот Сашо Јанчев денеска истакна дека измените на овој закон останаа заглавени во собраниската процедура затоа што спикерот не го почитува Деловникот .

    –  Претседателот на матичната комисија реши да не свикува седница за законот за бранителите, односно реши да го блокира Законот. Во ваква ситуација, кога претседател на комисија решава да не свикува седница по одреден закон, должност и надлежност на Претседателот на Собранието е да ја одблокира законската постапка, односно – согласно член 126, став 3 од Деловникот: ,,Претседателот на Собранието е тој којшто треба да ја свика Комисијата и да назначи член којшто ќе ја води седницата на таа комисија”. Но, претседателот на Собранието, Африм Гаши, уште пред месец дена, на 16 септември, изјави за медиумите дека тој нема намера да го одблокира Законот за бранителите, дека нема намера да свикува седница на надлежната комисија и до ден денешен таква седница не е свикана – рече Јанчев.

    Со ваквата постапка, додаде тој, спикерот Гаши не си ја исполнува својата деловничка обврска и несовесно постапува во вршењето на своите овластувања и должности.

    – Прави штета и прави кривично дело против службената должност и поради тоа денес политичката партија Левица му поднесе кривична пријава – рече Јанчев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img