Политичката одлука носи нееднакви критериуми за останатите понудувачи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владата одлучила ЕВН да биде избор за универзален снабдувач, поради што постојат сомневања дека критериумите за останатите заинтересирани би можеле да бидат ограничувачки, а одлуката политичка објави А1он  повикувајќи се неофицијална потврда од извори упатени во постапката.

Владата на 11 декември го објави јавниот повик за универзален снабдувач на струја за домаќинствата и малите потрошувачи, условот е понудувачите да имаат обезбедено работен капитал во вредност од 40 милиони евра. ЕВН Хоум изразила интерес за продолжување на договорот, а за изборот заинтересирани се и неколку други компании од овој сектор. Најсериозна конкуренција на овој повик доаѓа од ЕДС, зад која стои грчката ППЦ која има годишни приходи од близу 11 милијарди евра и има своите претставништва во повеќе земји низ југоисточна Европа.

ЕВН Хоум на 1 јули 2019 беше избрана за универзален енергетски снабдувач на струја, со понуда за маржа од 11,5 %. Петгодишниот договор истекува следната година.

Министерот за економија Крешник Бектеши  најави дека на новиот повик за универзален снабдувач за снабдување со електрична ќе се бараат помали профитни маржи од сегашната 11,5% шт0 ќе придонесе да се намали цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи.

Share This Article