ПОЛЕТА НАЈМОЌНАТА РАКЕТА НА СВЕТОТ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Компанијата Спејс Икс на Илон Маск успешно ја лансираше Старшип („Starship“), најмоќната ракета на светот, постигнувајќи нешто што досега не било постигнато. За време на ова лансирање, Спејс Икс за прв пат се обиде и успеа безбедно да го приземји својот ракетен фрлач, наречен Супер Хеви(„Super Heavy“).

По лансирањето, носачот се вратил на лансирната рампа каде масивни метални краци го фатиле со прецизност.

– Ова е апсолутно неверојатно! – извика инженерот на Спејс Икс, Кејт Тајс за време на преносот во живо.

 

 

 

За околу еден час се очекува да се врати во атмосферата на Земјата, што претставува уште еден клучен и ризичен момент. Планирано е Старшип да изврши маневар за слетување над Индискиот Океан.

Ова е петти тест на Старшип, откако леталото постигна значителен успех во март оваа година, надминувајќи ги двата претходни обиди кои завршија со експлозии веднаш по лансирањето.

Share This Article