Пол Александар, човекот кој живееше 70 години со челични бели дробови, почина на 78-годишна возраст. Александар бил принуден да живее во метална конструкција тешка околу 270 килограми, откако се заразил со полио во 1952 година, на возраст од само шест години, и бил парализиран од вратот надолу, не можејќи сам да дише.
Тој итно бил пренесен во болница во Тексас откако развил симптоми и се разбудил во механичко челично белодробно крило.
„Откако преживеа детска парализа како дете, тој живееше повеќе од 70 години со бели дробови од челик. Отиде на колеџ, стана адвокат и автор. Неговата приказна патуваше далеку и нашироко и позитивно влијаеше на луѓето ширум светот. Пол беше неверојатен пример, кој ќе остане запаметен“, напиша Кристофер Улмер, администратор на страницата GoFundMe.
Каква машина за дишење го одржуваше Александар во живот цели 70 години? Челичните бели дробови, или вентилаторот со негативен притисок, е застарена машина која им помага на пациентите сами да дишат нормално откако ќе ја изгубат контролата врз своите мускули.
Машината била измислена во 1832 година, а за прв пат била ставена во поширока употреба во 1928 година. Таа првично била управувана од електричен мотор со воздушни пумпи, кои го менувале притисокот во херметичката метална кутија со дување воздух во и надвор од неа.
– Кога се чувствувате како отсекогаш да сте живееле во челично белодробно крило, тоа станува дел од вашиот менталитет. Кога некој ќе ја допре машината, јас го чувствувам тоа – рече Александар, кој можеше да ги почувствува вибрациите што произлегуваат од работата или неисправноста на машината.
И покрај очекувањата дека нема долго да живее, Aлександар авршил средно училиште, а потоа присуствувал на Јужниот методистички универзитет. Во 1984 година, тој се здоби со диплома по право на Универзитетот во Тексас во Остин. Примен во адвокатурата две години подоцна и со децении се занимавал како адвокат.
– Знаев дали ќе направам нешто со мојот живот и дека тоа ќе мора да биде умствена работа – изјави тој за Гардијан во 2020 година.
Истата година објавил мемоари за кои наводно му биле потребни осум години да ги напише користејќи пластично стапче за да пишува на тастатура и да му диктира на пријател.
Напредокот во медицината ги направи железните бели дробови застарени до 1960-тите, заменети со вентилатори. Но, Александар продолжи да живее во својот железен цилиндар, бидејќи, како што рече, бил навикнат на тоа.
Пред неколку години тој мораше да го смени стариот цилиндар со нов и побара помош на интернет од машински инженер кој ќе знае да го реплицира стариот модел. Луѓето на GoFundMe тогаш успеаја да соберат пари за ова да се случи.
Пол Александар беше признат од Гинисовата книга на рекорди како личност која живеела најдолго во железни бели дробови.