Поинакво толкување на обврските од договорот со „Бехтел и Енка“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Ја демантираме шпекулацијата дека се предвидени пенали за државата доколку не се донесе пакетот закони во Собранието. Согласно обврските во склучениот договор, Изведувачот може да работи во услови во кои важат постоечките одредби од законските решенија врзани со изградбата на Коридор 8 и 10Д, но во тој случај рокот за изведба би бил подолг од 5 години. Во овој случај државата ќе има обврска да ги исплаќа трошоците за изградба во дополнителните години градежни работи, што во краен случај, државата и граѓаните ќе ги чини повеќе средства – се вели во одговор од Владата до порталот 360 степени, на прашање да ги коментира тврдењата дека Владата ќе плаќа пенали на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ доколку не овозможи подолга работна недела за градежните работници.

Работниците кои ќе бидат ангажирани за автопатите, велат од Владата, ќе добиваат надоместок од 50 отсто плус за секој час работа во недела како и надоместок за прекувремена работа.

„Воедно, согласно договорот, доколку се направат законските измени, Изведувачот се обврзува да ги заврши сите градежни работи во рок од 4 години и 7 месеци, што ќе претставува рекордно време за завршени градежни работи, особено за стратешки проект од огромна важност како што е овој. Изведувачот, согласно договорот се обврзува на овој рок за изработка во услови кога Државата овозможува делумни измени во неколку Закони, меѓу кои и Законот за работни односи, притоа почитувајќи ги постоечките законски решенија и уставното уредување“ – се вели меѓудругото во одговорот од Владата.

Share This Article