More

    Погрижи се меѓународната заедница да не ја заборави смртта на твојот сопруг

    spot_img

    Смртта на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, треба да ги охрабри западните земји да преминат од зборови на дела кога е во прашање режимот на Владимир Путин, изјави во интервју за агенцијата „Франс прес“ вдовицата на поранешниот руски шпион Александар Литвиненко, кој беше отруен во 2006 година.

    Нејзиниот сопруг Александар Литвиненко, агент на КГБ, а потоа и на ФСБ, беше во егзил во Обединетото Кралство кога почина на 43-годишна возраст на 23 ноември 2006 година, дваесет дена откако беше отруен со полониум 210, екстремно токсичен радиоактивен материјал.

    – Многу добро разбирам како може да се чувствува Јулија Навални по она што му се случи на нејзиниот сопруг. Тоа беше многу тажен ден, не само за семејството на Алексеј Навални, неговата сопруга, син и ќерка,  туку и за многу Руси кои сонуваат за подобра иднина на својата земја – рече таа емотивно.

    Марина Литвиненко, која долго време се бореше да ги разјасни околностите на смртта на нејзиниот сопруг, ја повика вдовицата на Навални да се погрижи меѓународната заедница никогаш да не ја заборави смртта на нејзиниот сопруг.

    – Единствениот начин да и се помогне на руската опозиција да го собори режимот на Путин е да се поддржи Украина – рече таа, верувајќи дека само украинската победа може да ги „охрабри руските граѓани да бараат промени“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img