Има неконзистентност во презентацијата на податоците што ги објавува Евростат за јануари 2024 година, вели професорот на Економски факултет, Трајко Славески, откако медиумите, повикувајќи се на Евростат, вчера објавија дека Македонија е со најнизок минималец од земјите кандидати за членки во Унијата со плата од 327 евра, а полоша од нас е само БиХ.
– На пример, Албанија, Бугарија, Србија и други го зголемија износот од почетокот на годината, а кај над корекција треба да има во март оваа година. Второ, новинарите не забележале дека во графиконот за МК податокот за износот на минималната плата е за второто полугодие од 2021 (дваесет и прва година), што е означено со фуснота број два – додава Славески.
Тој објаснува дека во продолжение на објавата од Евростат има податоци за она што всушност е релевантно за куповната моќ на доходите, во овој случај минималната плата.
– А тое е пресметката според т.н. Паритет на куповни сили (графикон од Евростат подолу, и тој со фуснота дека износот за МК е за 2021 година). Како што може да се види, според овој показател, нстоиме значително подобро од Албанија, т.е. куповната моќ на минималната плата кај нас била адекватна на 750 евра, заради пониското општо ниво на цени – вели професорот Славески.