По смртта на Алексеј Навални, неговото семејство и луѓето од неговата организациј се соочуваат со проблем да организираат погреб бидејќи неколку погребни агенции во Русија одбија да организираат испраќање за рускиот опозициски лидер.
– Погребалните домови во Русија одбија да го организираат погребот на Алексеј Навални, изјави портпаролката на критичарите на Кремљ.
Тимот на Навални потроши многу време барајќи каде да го организира збогувањето. Како што се наведува, „повикани се голем број приватни и јавни погребални агенции, комерцијални локации и погребални салони“.
„Некои места велат дека нивниот простор е заземен, додека други одбиваат да го спомнат името на Навални. На едно место ни беше кажано дека на погребните служби им е забрането да работат со нас. По цел ден пребарување, сè уште не ја најдовме прошталната сала“ – истакнува портпаролката Кира Џармиш во објава на социјалната мрежа Х.