Палестинците денеска соопштија дека при израелски напад е погодено училиште, кое служело како засолниште.
Според очевидците во израелскиот воздушен напад, погодено е училиштето Ал Факур во Џабалија.
Според палестинското Министерство за здравство во нападот загинале најмалку 15 луѓе, а десетици се повредени.
Директорка за комуникации на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Жилиет Тума потврди дека училиштето управувано од УНРВА е погодено и дека помеѓу загинатите има и деца. Но, таа не наведе бројка на жртвите.
Најмалку еден воздушен напад го погоди училишното игралиште каде имаше шатори за бегалските семејства. Вториот напад погоди училиште во кое жените печеа леб, истакна Тума.