Веројатно најголемата европска победа, барем резултатски и рејтинг на противниците, вчера ја оствари Њукасл Јунајтед.
Одличните 4:1 ги постигнаа фудбалерите на Њукасл Јунајтед на натпреварот од „групата на смртта“ од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
Еден од најдобрите на теренот беше Киеран Трипие, десниот бек на домашната екипа, кој мораше да се пресмета со најдобриот светски фудбалер Килијан Мбапе.
Тие двајца по крајот на натпреварот разговараа, честитаа и си разменија дресови, а Трипие на Инстаграм покажа каде заврши тој дрес утрово.
Тој им посака добро утро на навивачите со фотографија на која синот го носи дресот на Мбапе. Погледот на Трипие кажа се. Иако неговиот татко порано во вечерните часови го совлада францускиот мега тим, се чини дека неговиот син можеби сепак го има за херој најдобриот стрелец на Светското првенство во Катар.
Ќе видиме кој ќе го преферира ако ова е клучниот резултат кој ќе го однесе Њукасл во осминафиналето, а можеби и ќе ги елиминира парижаните од натпреварувањето.