Новак Ѓоковиќ лесно го победи Роман Сафиулин во второто коло на Мастрас во Монте Карло, но потоа уште еднаш покажа колку е посветен на тенисот.
Иако ја заврши работата, Ѓоковиќ повеќе од еден час по крајот на дуелот со Русинот беше снимен во друштво на Ненад Зимоњиќ.
Камерата ги фатила двајцата како го гледаат дуелот помеѓу Гаел Монфис и Александар Вукиќ во кој Французинот победи по голема борба и три сета.
Ова видео покажува дека Ѓоковиќ и Зимоњиќ сега поминуваат многу време заедно и веројатно зборуваат за многу детали во играта и тактиката, но не само за тенисот.
Се чека официјализирање на соработката
Новак и Ненад се познаваат долги години, а тенисерот од Србија моментално ужива во ваквата соработка и времето кое го минува со искусниот Зимоњиќ.
Познато е дека Ѓоковиќ има одредени рутини и начини на опоравување по натпреварите, но тоа не го спречува да ги следи останатите натпревари на турнирот, дури и ако тие се играат на другата страна од ждрепката.
Инаку, овој ден Зимоњиќ ќе го памети и по тоа што првпат седна во шеснаесетникот на Новак како тренер, иако се уште се чека официјализирање на нивната долгогодишна соработка.